436
Јас не го поканив Зоран Заев да дојде за Нова Годин во Солун, туку сам се покани, изјави градоначалникот на Солун Јанис Бутарис за грчкиот весник „Вима“.
-За време на мојата посета во Скопје во ноември се сретнавме, се запознав со него и тој ми кажа дека сака новогодишните празници да ги помине во Солун. Му реков да дојде, времето ќе биде добро и дека верувам дека ќе си помине убаво. Не претпоставив дека ова ќе се протолкува како формална покана. Сега дознав дека со околу 15-ина пријатели резервирале соби во хотелот Македонија Палас. Ако ми се јави, ќе дојдам да се сретнеме, ако не, нека ја помине Новата година со своите пријатели“, изјавил Бутарис за грчкиот весник.