Бутарис го покани Заев повторно да дојде во Солун

by fokus

Во добра клима, со морска храна и разговори за соработка, според грчките медиуми, поминала синоќешната вечера на македонскиот премиер Зоран Заев со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис во познат солунски ресторан. И двајцата по завршувањето на вечерата, за грчките новинари, како што јавува дописникот на МИА, го изразија нивното задоволство.

– Имавме многу убава вечера со господинот Заев. Вечерата беше чисто од приватна природа затоа што не поврзува приватен однос и се надевам дека набргу ќе дојде повторно, им рече Бутарис на новинарите по завршувањето на вечерата.

-За мене беше големо задоволство што имав вечера со градоначалникот на Солун и неговиот кабинет. Јас исто така сакам да ја искористам можноста да им посакам среќна Нова година на сите граѓани на Грција и на граѓаните на Солун. Секогаш ми е задоволство да бидам тука, рече македонскиот премиер на излегувањето од солунскиот ресторан.

Поврзани новости