Бурниот живот на Абрамович: Од продажба на хулахопки и парфеми до имот од милијарди долари!

by Fokus

Роман Абрамович кој е еден од руските санкционирани олигарси, периодов е во центарот на јавноста поради случувањата со Украина.

Од страна на ЕУ, 55-годишниот Абрамович е ставен на ажурираната листа на поединци чии средства се замрзнати и забранети за патување поради нивната улога во руската инвазија на Украина.

Русинот, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, секогаш бил интересен за јавноста и поради својот приватен живот, но и начинот на кој започнал со бизнис. Тој зад себе има три разводи, од кои двата последни го чинеа цело богатство, а неговите поранешни сопруги јавно раскажуваа низ што поминале и што било пресудно за нивниот развод со милијардерот.


Olgа Yurevnom Lysovom, ќерка на влијателен дипломат беше неговата прва сопруга. Ја запознал кога бил 20-годишник и се венчале по два месеци. Нејзините родители му помогнале да започне свој бизнис, кога му подариле 2.000 рубљи како венчален подарок. Средствата ги вложил во хулахопки, парфеми, дезодоранси и пасти за заби, кои ги продавал на црниот маркет. Кога му тргнала работата, го легализирал својот бизнис и заедно со сопругата основал компанија за производство на кукли.

По само три години брак, тој ја запознал стујардесата Ирина Маландина, и се разделил со Олга. Ја оставил во еднособниот стан во кој живееле, со малку пари.


-Интуицијата ми кажуваше што се случува. Кога го соочив со моите сомнежи, ми рече дека ми се причинуваат нештата. Тој многу добро знаеше да крие тајни. Кога ме остави бев во шок и никогаш не би сакала да поминам низ нешто слично – своевремено раскажуваше првата сопруга на Абрамович.

Со стујардесата Ирина тој беше во брак од 1991 до 2007 година и добија пет деца. Во првата ќерка Ана, останала бремена само пет месеци по запознавањето со Роман. Првин живееле со мајката на Ирина, а потоа пoради бизнисот на Абрамович се преселиле во Германија.


Со неа се разведе поради Даша Жукова, со која се ожени во 2008 година. Разводот на Ирина и донесе 150 милиони фунти и тоа беше еден од најскапите разводи во историјата.

-Живеев во златен кафез – раскажа стујардесата за бракот со него.

Со Даша пак, тој доби две деца. Се разведе од неа во 2017 година, и се огласија со заедничко соопштение дека заедно ќе се грижат за своите деца. Разводот со неа го чинел над 200 милиони долари.По третиот пропаднат брак, медиумите го врзуваа со руската балерина Диана Вашнева, а синот кој таа го родила во 2018 година се шпекулираше дека е негов.

Како што неодамна објавија руските медиуми, тој сега е во врска со 25-годишната Александра Корендјук, актерка со украинско потекло.

Вики Клинчарова

Поврзани новости