Уренбесно предизборно видео: Вучиќ излегува од фрижидер!

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави ново предизборно видео на кое тој буквално излегува од фрижидер.

Во видеото, млад пар седи пред телевизор, додека во позадина се слуша говорот на Вучиќ. Во еден момент трудницата станува и оди во кујната, велејќи дека фали уште од фрижидер да започне да и излегува Вучиќ, а кога ја отвора вратата на фрижидерот, тој излегува од таму.

И подава тегла со кисели краставички, и започнува со излагање: Извинете, но важно ми е да допрам до секој граѓанин на Србија. Има многу да се направи, ни требаат патишта, пруги, фабрики… Ако не се лажам, добивте субвенции за решавање на станбеното прашање. Е, кога сите во Србија ќе ги имаат можностите кои ги имате вие, нема толку многу да ме гледате. Се трудиме да биде што побргу. До тогаш, запамтете, ако останеме обединети со тие цели пред нас, единствена граница ни се соништата – вели Вучиќ и пак се враќа назад во фрижидерот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости