Контролата врз пандемијата на коронавирусот и мерките кои се преземаат за нејзино сузбивање во Германија е во рацете на владата.
Бундестагот ги одобри законските измени со што конечните одлуки од рацете на покраинските се селат кај централната власт.
Досега, сојузната влада технички беше надлежна за мерките, но покраинските власти сами одлучуваа дали и кои мерки ќе ги применуваат.
Тоа доведе до вистински хаос во имплементацијата на препораките и големи разлики од една до друга покраина, и во крајна линија, до голем раст на бројот на новозаразени во последните неколку месеци.
Последниот збор околу законските измени в четврток ќе го има Бундестагот- горниот дом на парламентот во кој се претставени покраините, но очекувањата се дека одлуката ќе биде изгласана.
Додека Бундестагот одлучуваше за измените, пред парламентот протестираа илјадници граѓани кои се противат на префрлањето на надлежноста кај централната власт.
Дојде и до судири со полицијата која притоа употреби и солзавец, а најмалку 200 демонстранти се уапсени.