Предизборни инциденти во Албанија, убиен е активист на партијата на Рама

by Фокус

Во пресрет на парламентарните избори во недела, активист на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама е убиен во градот Елбасан, а други четири лица се повредени.

Меѓу повредените има и припадничка на специјалната полициска единица „Ренеа“, која не била на должност но се наоѓала во близина и дошла да помогне.

Според медиумите, убениот е Пјетри Џувани, кој неодамна ја напуштил партијата Движење за социјалистичка интеграција и се приклучил кон социјалистите.

Инцидентот се случил пред канцеларијата на опозициската Демократска партија.

Во полиција се приведени 27 лица, осум од нив приврзаници на Демократската партија, а како доказен материјал е запленет и автомобил со затемнети стакла, со кој стигнал напаѓачот.

Како што пренесуваат медиумите, на вооружената престрелка и претходела расправија меѓу прврзаниците на двете партии поради купување гласови.

Пред два дена, во Каваја со огнено оружје беше пукано во штаб на Демократската партија на Љуљзим Баша, при што со прострелна рана во нога се здоби секретарот на општинската организација.

Поврзани новости