493
Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор, откако автобусот со кој управуваше се преврте на 14 август на автопатот Тракија во Бугарија.
Карашичевиќ е обвинет за кршење на сообраќајните правила и од небрежност нанесување умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни.
На обвинетиот возач веднаш по сообраќајната незгода му е одредена мерка притвор до 72 часа со наредба на надзорниот обвинител.