Русија обвинува дека Украина ќе ја нападне нуклеарната централа Запорожје

by Фокус

Министерството  одбрана на Русија тврди дека Украина распоредува сили во областа и планира да ја таргетира електраната Запорожје утре од Никопол, што се совпаѓа со посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Одеса, а потоа да ги обвини руските сили за нападот.

„Киев подготвува провокација за време на посетата на генералниот секретар Антонио Гутереш. Руските војници немаат тешко вооружување ниту на територијата на објектот ниту во околината. Има само воени единици“, соопшти руското министерство за одбрана.

Инаку, Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Лвов на заедничка средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја испитуваат можноста за изнаоѓање решение на конфликтот со Русија по дипломатски пат.

Во меѓувреме, продолжуваат жестоките судири меѓу двете страни, а најкритично е во областа Запорожје, каде се наоѓа најголемата нуклеарна централа.

Двете страни со денови меѓусебно се обвинуваат за нападите околу нуклеарката како и за можноста од преизвикување нуклеарна криза.

Украина сака да ги поврати загубените територии, а украинскиот воен експерт Олех Жданов го предупреди Зеленски дека ако сега се согласи со прекин на огнот, ќе падне во руска стапица.

Поврзани новости