Бугарскиот митрополит: Прашањето за МПЦ е сложено и дел политичко

by fokus

Прашањето за автокефалноста на Македонската православна црква треба да биде уредено заеднички од сите православни цркви, а Бугарската православна црква не може да ја признае еднострано.

Ова го порача бугарскиот митрополит Антониј денеска во интервју за БТА.

Нагласи дека ова прашање е повеќедимензионално, односно дел од него е политичко.

– Има ред други прашања, кои се чисто политички и се однесуваат на името на Република Македонија, така што ова прашање е сложено и не може да биде решено во кус рок и да се забрзува. БПЦ кога носи важни одлуки, не се раководи од инерцијата на секојдневнитето или пак од нечија политичка волја, туку пред се од канонските правила и традициите на Православната црква, вели Антониј.

Во врска со неодамнешното барање на МПЦ до Вселенската патријаршија за признавање на нејзината афтокефалност, преку писмото на премиерот Зоран Заев и за тоа дали БПЦ може да посредува во разговорите меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија, бугарскиот митрополит рече дека сосема е природно обраќањето до Цариград.

– Тоа е нивно право, природно право да се обратат до Вселенската патријаршија, како арбитер за решавање на нивното прашање. Следствено на тоа обраќањето кон БПЦ или кон Вселенската патријаршија не ја омаловажува работата на БПЦ како медиајтор и посредник меѓу другите локални православни цркви, вели митрополитот Антониј одговарајќи и на прашањето дали тоа барање на македонската црква ќе се одрази на работата на бугарската комисија, која е задолжена за барањето на МПЦ, БПЦ да и биде мајка црква.

– Тоа прашање претстои и неговото решавање не е само од црковен аспект, туку е поврзано и со самиот народ, со самата нација и со многу други меѓудржавнички и политички прашања, чие решавање ќе доведе до прашањето за името на МПЦ, нагласи Антониј.

Поврзани новости