Грчката Влада: Во добра клима помина телефонскиот разговор меѓу Заев и  Ципрас

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска имаше 60 -минутен телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Заев и Ципрас разговарале за преостанатите парашања и разгледале неколку идеи за решенија. Договорено е во текот на утрешното претпладне да имаат уште еден разовор.

Речиси во истовреме разговорот е потврден од грчката Влада.

Во добра клима поминал телефонскиот разговор на Заев и  Ципрас, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, а по едночасовниот разговор, двајцата премиери се договориле утре наутро одново да се слушнат.

– Премиерот Алексис Ципрас денес напладне имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, кој помина во добра клима. Двајцата премиери се договорија да ги завршат нивните разговори за време на нов телефонски разговор во вторник наутро, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

Поврзани новости