„Бугарската Влада се распаѓа поради пари и поради Македонија“

by fokus

Бугарскиот политички аналитичар и поранешен пратеник  Кирил Добрев денеска во интервју за БГНЕС рече дека повлекувањето на „Има таков народ“ од владејачката коалиција не е изненадување.

-Многу пати сум кажал дека оваа коалиција ќе се распадне во моментот кога ќе снема пари. А во вчерашното интервју на господинот Трифонов се работеше за пари. Другиот голем камен на сопнување е Македонија. Овие две теми доведоа до колапс на владејачката коалиција, рече Добрев.

Според него, Бугарија сега има две опции за излез од кризата: избори или влада на национален спас, која ќе ја поддржат речиси сите партии.

-Бугарските граѓани однапред му изгласаа доверба на кабинетот на Петков, но во последните шест месеци оваа влада изгледа неподготвена. Повлечени се милијарди заеми, а мерките против кризата беа одложени или недоволни, вели Добрев.

Поврзани новости