Топки град, паднато дрво: Штети во Неготино по силното невреме

by fokus

Невреме проследено со град попладнево предизвика штети кај земјоделските култури во општина Неготино. На градскиот плоштад падна и едно дрво.

Раководителот во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на рзвојот во земјоделството, Ѓорѓи Ајтов најави дека ќе се прави проценка на штетите.

-Според првичните согледувања, има големи штети на одделни места. Теренските увиди ќе покажат детали за тоа на кои локации има оштетувања и во колкав процент, изјави Ајтов.

Поврзани новости