Бугарската компанија што сакаше да го купи ФЕНИ прашува зошто не може да ги наплати побарувањата од 1,5 милиони евра?

by Фокус

Предложениот план за реорганизација на Фени Индустри е создаден спротивно на професионалните стандарди, утврдени со законски и подзаконски акти, реагираат од бугарската компанија за Енекод, која беше заинтересирана да го откупи комбинатот за Фероникел во Кавадарци откако западна во финансиски проблеми, но не успеа во ваквата намера и влезе во конфликт со македонската влада и банките како најголеми доверители.

„Со планот не е предочено зошто е потребен ваков каскаден систем, а во недостаток на факти произлегува дека причината е избегнување на одговорност во текот на процесот. За таквите нерегуларности укажал и стечајниот управник, додека Управата за јавни приходи се изјаснила против планот, односно државата е против. Со планот се предвидува намирување на необезбедените доверители во дел од 15 отсто од нивните побарувања“, посочуваат од Енекод.

Од компанијата за трговија со електрична енергија додаваат дека како најголем необезбеден доверител се обратиле до велешкиот суд за да можат да извршат увид во стечајниот предмет, но тоа не им било овозможено, поради што, велат од таму, не се во можност да обезбедат податоци за текот на постапката.

„Побарувањата на Енекод во износ од 90 милиони денари се во целост признаени во текот на стечајната постапка и произлегуваат од испорака на електрична енергија во период кога Фени беше во најтешка состојба, а одджрувањето на производниот процес беше прерогатив“, велат од Енекод, истакнувајќи дека побарувањата уредно ги пријавиле, но до денес немаат одговор.

Бугарската компанија прашува зошто на едни необезбедени доверители од иста група и се нудат договори за наплата на побварувањата, а на други доверители не им се нудат такви договори?

Поврзани новости