Бугарија повторно ќе оди на избори, шести во последните три години

by Fokus

Нови општи избори се пред Бугарија, и тоа шести во само три години.

Ова доаѓа откако партијата Има таков народ (ИТН) денеска одби да формира влада, а беше третата партија што го одби мандатот за формирање на бугарската влада.

Претходно ГЕРБ и Да продолжиме со промените/Демократска Бугарија изјавија дека не можат да формираат влада.

Претседателот на нашиот источен сосед Румен Радев ќе назначи преодна влада и ќе закаже избори за два месеци.

По изборите во април минатата година, Бугарија имаше заедничка влада поддржана од реформистичката ЦЦСБ и ГЕРБ. Се договорија за 18-месечна влада со ротација на премиерите – прво Николај Денков па Марија Габриел.

Денков се повлече на 5 март за да дозволи ГЕРБ да ја води владата, но Габриел не успеа да формира влада.

Вчера и Денков ја отфрли поканата на претседателот Радев да се обиде да состави нова влада.

Денеска претседателот Радев изјави дека ќе започне консултации со сите потенцијални привремени премиери.

Поврзани новости