Нала е најбогатата мачка во светот – „тежи“ речиси 100 милиони евра

by Fokus

Нала, најбогатата мачка на светот „тежи“ 84 милиони фунти (речиси 100 милиони евра) и заработува 12.000 фунти (околу 14.000 евра) по објава на Инстаграм.

Сопственикот на Нала се заљубил во мачката на прв поглед додека го посетил центарот за посвојување мачки во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nala Cat ™ (@nala_cat)

Мачката не само што е мегабогата, туку и позната и може да се пофали со „армија“ од повеќе од 4 милиони следбеници на Инстаграм.

Има неверојатни 7.000 објави на социјалната мрежа, а поделено со нејзиното богатство од 80 милиони фунти, тоа е во просек по 12.000 фунти по објава, пренесува „The Sun“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nala Cat ™ (@nala_cat)

Во 2012 година, Варисири Матачитипан, нејзиниот сопственик, одлучил да ги сподели авантурите на својата мачка на Инстаграм.

„Нала е веројатно првата мачка на Интернет која се претставила и мислам дека тоа е една од причините зошто на луѓето им се допаднала“, вели тој.

Нала го држи и Гинисовиот рекорд за најследена мачка на Инстаграм и ја освои титулата „ТикТокер на годината“.

Поврзани новости