705
Бугарија испраќа оклопни возила на четирите гранични премини со Македонија, со цел да и помогне на пограничната полиција во случај на прилив на бегалци, соопшти бугарското Министерство за одбрана, пренесува РТС.
– Сакаме превентивно да го зголемиме чувањето на границите кои ги обезбедува граничната полиција. Вкупно 25 војници во неколку оклопни возила се веќе упатени на бугарско – македонските гранични премини, но нивниот број може да се зголеми ако тоа биде потребно – изјави претставник на министерството Николај Карајванов.
Бугарија од почетокот на годината примила 15.000 илегални мигранти, вклучувајќи и Сиријци кои во земјата дошле од Турција.