НСДП: Предлогот на Груевски за „бонус“ пратеници само ја докажува неговата политичка несозреаност

by Фокус 12:50
12:50

Пласирањето на идеите за воведување на мнозински изборен систем со „бонус“ пратеници, како гаранција за стабилност на идната власт, во моменти на дефинирање на политичко-правната рамка за излез од политичката криза, само зборува за политичката несозреаност на Никола Груевски и неговата сериозна уплашеност од можноста да не ги дочека на слобода изборите, информираат од опозицискиот НСДП.

Според нив, наближувањето на 15 септември, крајниот рок за избор на специјалниот јавен обвинител, само ги зајакнува политичките фрустрации за тоа дека се ближи моментот во кој и тој ќе треба да сноси не само политичка, туку и кривично-правна одговорност.

- Advertisements -

– Надежта, како што вели народот, последна умира, па „политичкиот давеник“ својата „сламка “ја пронаоѓа во авторитарните политички рефлекси, изразени преку пласирање на радикални политички позиици со надеж дека компромисите во политичкиот дијалог за излез од кризата ќе бидат по негова мерка. За Груевски „бонусите“ во политиката не се непознаница, македонската јавноста имаше можност да се види дека во сите изборни циклуси организирани од ВМРО-ДПМНЕ, од гласачите од Пустец па до „мртви гласачи“, што успешно ја узурпираше гласачка волја на граѓаните и обезбедуваше неодговнорот и авторитарно владење на отуѓената политичка елита, која полека премина во криминално-фамилијарен клан – се наведува во соопштението од НСДП.

Од таму додаваат дека поткрепувањето на идејата за воведување на мнозински изборен систем со некаква политичка стабилност на идната власт, е тотална небулоза.

– Ако се потсетиме дека Груевски во неколку наврати имаше не само апсолутно мнозинтво во парламентот, туку и двотретинско. Ова мнозинство се рефлектира како „стабилно“ само за фамилијарниот клан кој го инструментализира политичкиот систем за свои лукративни интереси. Демократијата, граѓанските вредности, политичкиот плурализам, слободата на медиумите, се последиците од претходни желби на Груевски за обезбедување на „стабилност“ преку предвремени парламентарни избори и сигурно мнозинство во парламентот. Повеќе нема простор за „стабилност“ по мерка на Груевски – се наведува понатаму во соопштението.

НСДП смета дека отворањето на темата за изборниот модел треба да се движи во насока на надминување на слабостите на сите претхони модели по кои се спроведуваа избори во Македонија и правење исчекор кон воспоставување на изборни механизми кои ќе артикулираат во идната власт  широк спектар на политички интереси, кој не може да се стави во биполарните политичките модели.

 

Поврзани новости