Бугарија вчера го потврди својот највисок дневен рекорд во бројот на новозаразени од корона вирус – 4.851, Украина се соочува со дневен рекорд на смртни случаи, и тоа втор ден по ред, а Полска е на пат да потврди нов рекорд од 29.000 инфекции за 24 часа.
Бугарија, земја со седум милиони жители, од почетокот на пандемијата има регистрирано 312.741 инфицирани, од кои 12.307 умреа, наведуваат здравствените власти.
-Во последните 24 часа во Украина, пак, умреа 342 лица болни од Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Максим Степанов.
Со овие податоци, во Украина од ден на ден продолжува да расте бројот на смртни случаи, бидејќи вчера беа потврдени 333 смртни случаи со Ковид-19.
Степанов додаде дека во последните 24 часа биле потврдени и 14.174 случаи на нови инфекции.