Гризман проговори за својата иднина

by Fokus

Францускиот фудбалер Антоан Гризман сака да остане во Барселона, пренесува „Радио Каталуња“. На 30-годишниот напаѓач му остануваат уште три години договор.

Сепак, каталонскиот клуб го смета Гризман за еден од играчите кои можат да го напуштат тимот.

Гризман оваа сезона забележа 40 настапи на сите турнири, постигнувајќи 14 гола и 11 асистенции.

По 28 одиграни кола од шпанската Ла Лига, Барселона со 62 бода се наоѓа на 2. место во поредокот. Заостанува зад водечкиот Атлетико четири бода.

Поврзани новости