Бугарија го назначи бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул во Македонија и барањето за егзекватура е стигнато во македонското Министерство за надворешни работи, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МНР.
Според процедурата, барањето се разгледува во МНР, потоа се бараат мислења од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата. Кога ќе се комплетира документацијата, министерот за надворешни работи го предлага кандидатот на странската земја до Владата и ако тој или таа добие одобрение, министерот за надворешни му издава егзекватура, што е слично со агреман за амбасадорите.
Камчев, кој од реномираниот економски магазин Форбс беше прогласен за најбогат Македонец, на 29 август 2016 година беше на распит во Специјалното јавно обвинителство.