Бугарија доставила над 30 страници забелешки во учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на пратеничко прашање во бугарскиот Парламент.
Захарова рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија веќе имала два состанока, а оти третиот треба да се одржи до крајот на месецов.
Захарова вели дека се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји, дека е направен преглед на учебниците од шесто до седмо оделение во Македонија и за нив се доставрени над 30 страници забелешки.
Таа додава дека иако бугарските претставници од Комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебницирте, атмосферата во комисијата е конструктивна.