Храната од кетеринг фирмата е главен виновник за труењето во скопска Пивара

by Fokus 15:18
15:18

Потврдено е труењето со храна во мензата на скопска Пивара, од каде што на Клиниката за инфективни болести завршија пет вработени, од кои двајца беа хоспитализирани, а како главна причина се наведува храната за која биле задолжени од кетеринг фирмата „Парти Сервис Лео“, дознава „Фокус“.

Според нашите информации, по посетата на инспекторите во мензата како причина за труењето се три вида изолирани бактерии, а во моментот затворена е и кетеринг фирмата која се води како компанија за индустриски кетеринг која произведува, дистрибуира и послужува храна во голем број компании.

- Advertisements -

Како што „Фокус“ веќе објави во вторникот, случајот бил пријавен по дојава од Центарот за јавно здравје. На терен беа излезени инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

И.М.

Поврзани новости