ВМРО-ДПМНЕ: Хунтата може и да пали и вештерки на плоштад, за да внесе поголем страв

by fokus

Прогонот за Никола Груевски, е прогон мотивиран единствено од политички ниски страсти за омаловажување на ВМРО-ДПМНЕ, чиј што почесен претседател е Груевски. Ова истовремено е порака против сите политички неистомисленици, кои со ваков потфат треба да бидат замолкнати и да се откажат од борбата против оваа однародена, капитулантска власт, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа хајка која што сега се прави против поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер на Република Македонија, има и свој втор мотив договорен во мрачните кулоари на македонската неправда и реализирана во ‘Кацарска несудството‘. Во моментов во Собранието паралелно тече втората фаза од обезличувањето на Република Македонија, втората фаза од реализација на капитулантскиот договор, истовремено со најголемиот пораз на македонската економија, ребаланс на буџет кој е потрошен за ништо.

Прогонот врз Груевски сега преку министерството за медиумска вистина-треба да ги покрие овие зафати на новата реалност, ‘франкенштајн‘ коалицијата за бришење на македонското постоење преку легализација на капитулацијата, економското осиромашување, обидот за кршење на македонската кичма. Ова само остава огромен впечаток дека по третата фаза, по ставањето точка на последниот македонски Устав, оваа хунта може да организира и јавно палење на вештерки на плоштадот, само да го оттргне вниманието од себе и да внесе поголем страв во јавноста“, изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Поврзани новости