Бучковски: Барањата на Софија околу Гоце Делчев и македонскиот јазик мора да се гледаат во контекст на „загревање“ на бугарските политичари пред избори

by fokus

Со Договорот за пријателство и соработка со Бугарија добиваме потврда дека сме посебен народ и го добиваме јазикот во формулација која сега исто така создава проблеми, изјави поранешниот премиер Владо Бучковски, додвајќи дека Софија прифатила спогодбата да биде склучена на македонски јазик со додавка „официјалнот јазик согласно Уставот на Република Македонија“.

Според него, на барањата на Софија околу Гоце Делчев, македонскиот јазик и идентитет мора да се гледаат во контекст на „загревање“ на бугарските политичари пред изборите во март следната година.

– Ова е еден конснезус кој го има кај мнозинството (бугарски) политичари, кои јавно ги изразуваат своите ставови и барат од нас некоку работи. Прво, доследно почитување на она што сме го запишале во Договорот, а тоа е со забрзано темпо да работи заедничката комисија и да ги затвори отворените прашања. Мене тоа брзање не ми се допаѓа, истакна Бучковски при гостување во вестите на телевизија Сител.

Сепак, според него, мнозинството граѓани на Бугарија и мнозинството влијателни политичари  и интелектуалци се против она што го прават властите во Софија во последната година.

– Ние за жал бевме преокупирани минатиот октомври со најавите за предвремени избори, потоа дојде пандемијата и не обрнавме доволно  внимание на предупредувањето што дојде од бугарскиот Парламент, со усвоената Резолуција, смета Бучковски.

Тој потенцира дека ние од наша страна направиме отстапка со признавањето дека имаме заедничка историја, додавајќи дека и во Бугарија мора да бидат свесни дека и во нашето општество има „драматично придвижување напред“.

Бучковски, при тоа потсети, дека во 1999 година во земјава се сметаше како контроверзна Декалрацијата за соработка што тогашниот премиер Љубчо Георгиевски ја склучи со Бугарија, а кога тој во 2006 година споменал дека доаѓа време за заедничко чествување на Кирил и Методиј и на Илинденското востание, бил, како што рече, „распнат и од моите социјалдемократи, но и од владејачките медиумски пера, тврдејќи дека се подготвувам да ја распродадам македонската историја“.

– Денес 14 години подоцна во јавноста не е спор да речеме дека Делчев е заеднички јунак или заедничка личност што треба да ја славиме заедно со Бугарија, додаде Бучковски, потенцирајќи дека заедничкото чествување е во прилог на зјакнување на добрососедски односи во духот на европските вредности.

Поврзани новости