Богојески: Пет до шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ може да станат „независни“ за да издејствуваат ослободување на Миле Јанакиески

by fokus

Петар Богојески од Македонски концепт во разговор за „Фокус“ дава дообјаснување на неколку тези кои ги изнесе во гостувањето во емисијата „Во центар“. Богојески вели дека пет до шест пратеници од актуелната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во момент на политичка криза може да станат „независни“ со цел да издејствуваат ослободување од обвиненија на Миле Јанакиески.

Најавува и окрупнување на опозицијата со цел заеднички настап на локалните избори кои ќе се одржат наредната година.

Разговараше: Катерина Смилева

Фокус: Велите дека македонски олигарх платил 14 милиони евра на бугарски политичари за да ја дестабилизира Македонија. Кој му е главниот мотив на македонскиот олигарх/конзул преку Бугарија да ја дестабилизира Македонија и кои се “купените” бугарски политичари за таа цел?

Богојески: Веројатно мислите на слободните интерпретации на новинарот Ефтов во интервјуто за емисијата “Во центар”. Секако дека мотивот е да се доведе Македонија во подредена ситуација под Бугарија, со цел тоа да се искористи за  уцена за спречување на прогон од правдата кај нас. ОЈО и безбедносните институции нека истражуваат се во врска со тие интереси.

 

Фокус: Колку и кои пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаат “потенцијал” да станат независни и да одработат да издејствуваат ослободување на Миле Јанакиески? Во коj момент може да ја искористат оваа карта?

Богојески: Околу 5 до 6 лица, блиски на изгонетиот ген сек Јанушев. Кој на лична интимна основа, кој со бизнис релации! Јанушев е десна рака на Јанакиески, неговиот најблизок човек од доверба, кој беше ген сек само поради фактот што Јанакиески не можеше поради кривичните обвиненија! Јанакиески тоа ќе побара да биде одобрено од светото тројство штом се отвори првата шанса со прва наредна политичка криза.

 

Фокус: Споменавте окрупнување на демократски настроената опозиција. Со кои политички субјекти контактирате за оваа цел и дали крајна цел е формирање коалиција за локалните избори наредната година?

Богојески: Повеќе од 5 субјекти, но ниту еден од нив не е од оние кои се продаваа на Заев и СДСМ пред изборите. Не сум овластен се уште да дадам информации за разговорите. Оваа опозициона платформа треба да понуди нови лица на политичката сцена, нови политики, но пред се реална опозиција, која не е контролирана од власта. Целта е формирање на коалиција и на платформа за настап!

 

 

Поврзани новости