691
Откако медиумите објавија дека поранешниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски е кандидат за нов македонски амбасадор во САД, тој вели дека во однос на оваа тема досега не разговарал со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
-Голем предизвик е да се биде македонски амбасадор во САД, но за волја на вистината, нити со Премиерот ниту со Министерот за надворешни работи не сум разговарал на оваа тема – изјави Бучковски за Фокус.
Претходно, беше објавено дека тој се нашол на неформален список на Димитров за амбсадорската функција во Вашингтон што моментално ја извршува Васко Наумовски, кој дојде на оваа позиција за време на претходната влада, но остана на служба и по политичките промени.