Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на УБК, денеска седна на обвинителна клупа како обвинет за случајот Тортура, но судењето се одложи поради неприсуство на обвинетиот Јовица Станковски. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски достави медицинска потврда појаснувајки дека неговиот клиент има здравствени проблеми.
Обвинителот Гаврил Бубевски истакна дека од потврдата се гледа само дека обвинетиот прима некаква терапија и дека бил на боледување кое истекува денес. Тој побара одбраната да достави дополнителна медицинска документација за да видат дали отсуството е оправдано.
За овој случај, односно насилното приведување на Љубе Бошкоски, се одложи и минатото рочиште бидејки Мијалков немаше примено покана.
Наредното рочиште е закажано за 13 јуни.
На датумот реагираа обвинителите и бараа побрзо да се закаже рочиштето, но судијката се правдаше дека нема слободни термини.
В.В.