Бошкоски: Мијалков ме поздрави во судница, најверојатно е спремен да се извини

by fokus 10:05
10:05

Сашо Мијалков и Љубе Бошковски на денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој едниот е обвинет, а другиот оштетен, се поздравиле во судница и тоа како што рече Бошковски, на иницијатива на Мијалков.

„Стана да ме поздрави веројатно е спремен да се извини. Ние за разлика од нив имаме демохристијанска жичка, па спремни сме и да простиме. Да се простува е добро, но да се заборави такво мачње и таква тортура е тоа не може“, истакна Бошковски.

Тој додаде дека прашањето дали Мијалков е спремен да му се извини треба да му се постави лично на него.

В.В.

Поврзани новости