526
Припадници на полицијата штотуку ги натерале репортерите на „Фокус“, „Нова ТВ“ и на „Радио слободна Европа“ да ги избришат сликите што фотографирале во текот на денот. На репортерката на „Нова ТВ“ ѝ го зеле фотоапаратот и самите полицајци ги бришеле сликите. Репортерите велат дека биле влечени за раце и оти припадниците на МВР им се обраќале со погрдни зборови.
Исто така полицајците ги легитимирале репортерите кои се на терен и го покриваат протестот на момчињата кои се револтирани поради убиството на матурантот Анѓел Петковски.