Бројот на зависници од игрите на среќа 300 пати помал од популистичките бројки кои критичарите ги пласираат во соседна Србија

by Fokus

Српски „Блиц“неодамна излезе со анализа за состојбата во соседна Србија каде статистиката покажала дека се неточни бројките за нивниот број на зависници од игрите на среќа, кои ги пласираат најрадикалните противници на овој економски сектор.

Како и кај нас, така и кај нашиот северен сосед е отворена дебатата колку игрите на среќа создаваат зависност и во колкав обем. Тамошните критичари на игрите на среќа оперираат со повеќе од 100 илјади зависници на 9 милиони жители во Србија, што е своевиден апсурд бидејќи излегува дека оваа бројка е поголема од вкупниот број на регистрирани играчи таму.

На основа на прецизните податоци на медицинските експерти и надлежните установи кои се занимаваат со третирање зависности, вкупниот број на зависници не надминува 1.030. Согласно овие податоци Србија е под европскиот просек по бројот на зависници. Според статистиката на Специјалниот Завод за лечење зависности во Белград, најрелевантна институција за оваа проблематика, со проблеми со зависност од игри на среќа годишно се пријавуваат за помош од 150 до 200 луѓе. Тоа е 0,02% од вкупниот број на жители, а европскиот просек е 1,5%.

Се разбира, и оваа бројка, без разлика колку е мала, во Србија ја сфаќаат многу сериозно, и преку кампањи за подигнување на јавната свест ги презентираат ризиците од потенцијална зависност од игрите на среќа.

Како и кај нас така и таму на малолетниците им е строго забранет пристап до објектите за игри на среќа. За онлајн игрите на среќа е предвиден систем за регистрација и верификација на играчите за да спречи пристап на малолетници до овие платформи.

Во ноември 2023 во Србија е спроведено истражување на 1 100 испитаници од организацијата „Солидарност за децата“. Собирањето на податоците е направено преку интервјуа со децата нивните родители, преку телефон, со целосна заштита на нивниот идентитет, со оглед на фактот дека се работи за деца како најранлив дел од популацијата. Податоците покажале дека 0,6% од малолетниците на возраст од 13 до 17 години имале контакт со игри на среќа. Но, ниту еден од нив не влегол физички во објекти за игри на среќа, туку се претпоставува дека контактот го оствариле преку интернет, злоупотребувајќи го идентитетот на полнолетни лица од нивното поблиско опкружување.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, која ги застапува дел од организаторите на игри на среќа во автомат клубовите и казината во Северна Македонија, кои се всушност претставници на капитал на земја членка на ЕУ, веќе неколку години води активна кампања на интернет порталите со слоганот „100% законски – СТОП за малолетници“. Нивните претставници тврдат дека не постои записник во кој во нивните објекти од страна на надлежните државни институции е констатирано присуство на малолетни лица. Според нив, тоа е потврда дека станува збор за општествено одговорни компании кои во целост ја почитуваат регулативата која ја сметаат за една од најстрогите на Балканот. Истовремено, согласно највисоките светски стандарди, во нивните објекти е обезбедена постојана поддршка од страна на дежурен психолог за секој нивен играч кој евентуално ќе почуствува зависност од игрите на среќа, да може веднаш да го контактира.

АПИС оперира со податоци од нивни истражувања според кои во Северна Македонија само 3% од полнолетната популација посетува автомат клубови и казина, кои се дефинирани како традиционални играчи кои претходно си ја искушувале среќата во западните земји.

Поврзани новости