Застрашувачки расте бројот на загинати од катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди утрото на 26 овој месец, јави Топ чанел. Потврдено е дека бројот на загнатите достигнал 41.
Спасувачките екипи од под урнаините упеале да спасат неколку лица, а продолжуваат да комунцираат со ште неколку кои се уште се под урнатинте од станбените згради што се урнаа во Туман и Драч.
Меѓу загинатите е и Кристи Речи (24) вереница на Грегори Рама(29), син на премиерот Еди Рама, од неговиот прв брак. Веста на социјалните мрежи ја објави лично Грегори кој напиша дека заедно со Кристи загинале и нејзниот брат и родителите.
-Грегори и Кристи повеќе години беа заедно. Криси неодамна дипломира на Универзитетот во Тирана. Нејзиното и телото на татко и Едуард (54) од под уранитините биле извлечени во вторникот, а телото на мајка и Долора(49) и брат и Клаус(21) биле пронајдени неколку часа подоцна. Тие денеска се испратени до нивното вечно почивалиште, пренесуваат албанските медиуми.
Нејзиниот несуден свекор, премиерот Рама, не успеа да ги задржи солзите кога беше запрашан за свршеницата на неговиот син.
Рама додека зборуваше побегна од камерата, откако не можеше да ги задржи солзите.
-Не сакам да зборувам за вакви работи кои се врзани лично со мојот син. Јас сум денеска во една позиција која е невозможно да се објасни, рече Рама.
Тлото во Албанија не мирува. Од вторникот наутро досега регистрани се над 200 потреси. Последниот денеска во 14:28 часот со епицентар во Јадранско Море, 52 киломери северозападно од Тирана со магнитуда од 3,9. Претходно денеска имаше два посилни потреса со магнитуда од 5,1 и 4 степени.