610
Сезонскиот грип да не се споредува со корона вирусот. Во никој случај бројот на заболени со обичен грип да не се споредува со новиот вирус, посочија експерите од ИЈЗ на брифингот со новинарите.
Според нив, од сезонски грип, од ноември досега има регистрирано 37.000 луѓе, што е за 17.000 повеќе од минатата година.
Инаку, треба да се знае дека во бројката на заболени од сезонски грип којашто се објавува секоја година влегуваат сите случаи, и тие што биле потврдени со тест, но и тие што биле пријавени како пациенти со грип врз основа на мислењето на матичен лекар.