Филипче: Ова се моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање, од нив зависат нашите животи

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на својата официјална фејсбук страна објави дел од неговите колеги, за кои како што вели, неуморно работат на пунктовите за тестирање.

„Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје. Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд.
Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките.
Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни. #ЗаштитиСе – напиша Филипче.

Поврзани новости