Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар за време на пандемијата

by Fokus

Ирскиот премиер Лео Варадкар одлучи ѝ да се врати на професијата лекар за време на корона кризата, пишува Индепендент.

41 годишниот лидер на партијата Fine Gael (во превод – галско семејство) по професија е лекар и студирал на Тринити колеџот во Даблин.

Овој несекојдневен политичар, дете на емигранти од Индија, кој веќе три години е на премерската позиција, ја шокираше јавноста и со тоа што не ја крие својата сексуална определба – тој е хомосекусалец.

Политичката кариера Вардакар ја почна во 2013 година, а на чело на својата партија е од 2017 година.

Во Ирска до вчера (4 април) беа потврдени 4.994 случаи на ковид-19 и 158 починати.

Поврзани новости