На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419. Последната дистрибуција по градови е:
Направените 411 теста се преку: ИЈЗ –248, Ветеринарен ф-тет -13, Авицена –14, Биотек -42, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода -27 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се 3 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.