Почина пациент од Велес на 58 години, вкупната бројка достигна 91

by Fokus

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај, информираа од министерството за здравство.

Според денешниот извештај, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.622, бројката на оздравени пациенти е 1.112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Поврзани новости