381
Бројот на уапсени учесници во обидот за државен удар во Турција се повеќе се зголемува, така што оваа бројка денеска достигна околу 6 000.
Како што најави турскиот министер за правда Бекир Боздаг, големото чистење на турската држава и нејзините институции продолжува, па бројот на уапсени дополнително ќе се зголемува.
Еден од уапсените е и поранешниот командант на военото воздухопловство, генералот Акин Озтурк.
Турската влада соопшти дека по неуспешниот преврат, во кој загинаа 265 луѓе, само од војската притворени веа 2.839 лица.