460
Според доказите што досега ги има Специјалното јавно обвинителство, бројот на поранешниот премиер Никола Груевски не бил внесен во системите како таргет за прислушување, но прислушувани биле броевите на Гордана Јанкулоска и на Миле Јанакиески, а со тоа и сите оние кои разговарале со нив.
-Бројот на Јанкулоска е прислушуван најмалку 732 дена, Миле Јанакисеки на едниот телефон 732 дена, на вториот 553 дена и на третиот најмалку 816 дена, рече обвинителката Ленче Ристоска.
Али Ахмети бил прислушуван најмалку 338 на едниот број и 867 дена на другиот број. Мендух Тачи бил следен најмалку 1.257 ден на двата телефона. Љубе Бошкоски бил следен најмалку 320 на едниот и 92 дена на другиот телефон. Муса Џафери најмалку 1.658 дена.