Разочарани сме од ветото на Бугарија поради бројни причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ, вели американската амбасадорка Кејт Брнз во интервју за Гласот на Америка.
-Веруваме дека Северна Македонија има покажано дека е подготвена за нејзината прва меѓувладина конференција, која се надеваме дека сè уште ќе може да се случи што е можно побрзо. Прво би сакала да кажам дека САД се ангажирани во овој регион и во Северна Македонија со децении. Јас би кажала дека во изминативе неколку години и многу интензивно вклучени во поддршката на Северна Македонија да влезе во НАТО, во поддршката на нејзините аспирации и напори да се приклучи кон ЕУ, како и во проширување на економската соработка и регионалната соработка во целина. Јас верувам дека таквиот вид на соработка ќе продолжи, и се разбира пред се` ќе биде фокусирана на нашата поддршка за евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Тоа е основа на нашата политика овде, и има многу работа да се заврши, во смисла на поддршка на реформската агенда, како и да осигураме дека пристапниот процес во ЕУ оди напред, вели Брнз во интервјуто за Гласот на Америка.