ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа матурантите кои ја бојкотираат наставата

by fokus

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува матурантите во нивните барања за намалување на бројот на предмети на државната матура и смета дека тие се разумни и реални, изјави денеска Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нели министерката декларира потреба од реформи за стекнување знаења, вештини и компетенции на европско ниво? Толку од искрената желба. Таа всушност одобрува полагање на матура со ниско ниво на прашања, односно ниско ниво на знаења. Ја информираме министерката дека Обединетото Кралство, Шкотска, Ирска, Франција, Белгија, Квебек ги укинаа испитите оваа година, токму поради состојбата во образованието во услови на ковид-19 пандемија. Само за министерката Мила Царовска сѐ е во ред и наставата во Македонија, без пречки се изведува кај 90% од учениците. Ја информираме министерката и дека податоците за бојкот на матурантите не и се точни. Настава бојкотираат многу повеќе ученици отколку што таа преку министерството шпекулира. Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува матурантите во нивните барања и смета дека тие се разумни и реални. Министерката Мила Царовска наместо да им го спречува физички влезот во министерството, ако навистина сака успешна матура, мора да им излезе во пресрет на барањата и да ги разбере. Образованието е носечки столб на државата. Матурантите се идните носители во сите дејности во државата. Ним не им треба ниско ниво на знаење. На нашето образование му треба посветеност и напорна работа, не политички манипулации, рече Тримчевска.

Поврзани новости