Британската Влада ги измени законите за да може полесно да воведе „локдаун“

by fokus

Британската Влада без поголеми проблеми ги измени законите за „локдаун“, со што е овозможено многу полесно донесување одлуки за затворање на пабовите, продавниците и јавните места до 17 јули, објави „Телеграф“.

Премиерот Борис Џонсон уште во петокот истакна дека Владата не размислува за олеснување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени лицаи со корона вирус не се намалува.

Тој нагласи дека мерките ќе останат во сила се додека во Владата не бидат сигурни дека програмата за вакцинација делува на спречување на ширењето на епидемијата.

Поврзани новости