Брнз: Изборите не се решение за сите проблеми, потребно е независно судство

by Фокус

Треба да се направи попис, имаме доверба и очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци за јавни политики и за привлекување инвестиции, порача американската амбасадорка Кејт Брнз на Канал 5.

-Мило ми беше што Законот за попис на населението помина на Собрание и тоа се случи со поддршка на некои од членовите на опозицијата. Тоа има критична функција. Како што знаете, во вашата земја не е извршен попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци на населението правењето јавни политики го чини многу тешко. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму, како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки – истакна Брнз.

Според неа, изборите се гласот на граѓаните и нивниот суд, но, како што вели, не се единственото решение за сите проблеми.

-Мислам дека треба да се потсетиме дека политичката стабилност произлегува од добра влада, а изборите се клучниот дел. Тие го изразуваат гласот на гласачите и нивниот суд, но не се единствениот елемент и не се решение за сите проблеми. За тоа се потребни силни институции, политички актери што ги почитуваат институциите, политички бирократии со кои управуваат институциите, како и слободно и независно судство што спроведува правда. Сите овие елементи заедно придонесуваат за силна  и стабилна демократија, а така напредува општеството – нагласи Брнз.

Поврзани новости