Брнз: Има напори во борбата против корупцијата, ама не се доволни

by fokus

Има значителни напори во борбата против корупцијата, но оди бавно и не е доволно. Во овој момент е важна перцепцијата, ако луѓето гледаат проблем значи има проблем. Ако е тоа видливо секој ден, нешто против кое се борите, важно е да се признае фактот дека ако влијае врз животот, ако страдаат граѓаните… не само од висока корупција на државно ниво, туку и на локално ниво со ситни плаќања за одредени услуги, сето тоа влијае кај граѓаните и се поткопува доеврбата во Владата, се поткопува економскиот раст, можностите, и згора на се се урива човечкото достоинство. Сите се одговорни за ова прашање, изјави амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

Според неа, Владата сноси одговорност и тоа е така, но не е само таа одговорна, има повеќе чинители.

-Институциите треба да ја одиграат својата улога, претпријатијата да работат според етички принципи, сите јавни службеници да постават високи стандарди и така да живеат, граѓанското општество, медиумите да обрнат внимание, не со намера да покренат политички прашања, туку во обид да се решава проблемот, а и јавноста има своја улога, да пријави корупција која ќе се забележи од институциите, а не да ја толерира, само така граѓаните ќе препознаат владеење на правото и добра Влада, па ќе бараат повеќе, на пример релани резултати од судството и Владата, порача Брнз во „Само интервју“ на Канал 5.

Поврзани новости