Спорот со Бугарија да се реши билатерално, вели амбасадорката на САД

by Фокус

Кејт Брнз, амбасадорка на САД, и во денешното интервју на Канал 5 истакна Вашингтон е разочаран од блокадата на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ од страна на Бугарија. Според неа, до решение мора да се дојде преку билатерален дијалог.

-Процесот кон ЕУ и сите билатерални прашања треба да се решат надвор од пристапните преговори. Ние го гледаме како позитивен знак тоа што Севрна Македонија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатералните прашања, да се стават надвор од процесот, со цел напредок во тој поглед – рече Брнз.

Таа додаде дека има доверба во владата дека ќе успее да дојде до договор со Бугарија.

-Северна Македонија има докази дека се справувала со спорни прашања со соседите и ги разрешувала конструктивно, па и понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги започне преговорите и билатералните прашања да останат надвор од преговорите – рече Брнз.

Поврзани новости