702
Денес е дефинитивно ден за насмевка. Конечно по 6 март, можеби за прв пат сега имаме причина да се насмееме. Ова претставува почеток на крајот на корона вирусот – изјави премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека чувствува потреба да биде прва во Србија за да покаже со својот пример дека верува во вакцината и институциите.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ посочи дека договорот со претседателот Александар Вучиќ е во Србија да се примаат разни вакцини.
-Очекуваме што побрзо да добиеме вакцини од кинески производител, како и руски вакцини. Сигурна сум дека ќе ги имаме вакцините на Астра зенека и Модерна до крајот на првиот квартал – кажа Брнабиќ.