Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

by Fokus

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата, Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за здравство Саџид Џавид додека земјата ги укина повеќето мерки.

-Мораме да научиме да живееме со него. За жал, луѓето умираат и од грип: во тешка година со грип, за жал може да изгубите околу 20.000 животи, но затоа не ја затвораме целата земја, изјави Џавид за Sky News.

-Ковид нема да замине. Ќе биде меѓу нас многу, многу години, можеби засекогаш, и мора да научиме да живееме со него. Мислам дека сме лидери во Европа во транзицијата од пандемична во ендемична и водиме во покажување на светот како може да живее со Ковид.

Поврзани новости