Камчев бара Боки 13, Јанева и државата да му исплатат 1,5 милиони евра

by fokus 15:28
15:28

Бизнисменот Орце Камчев бара да му бидат надоместени 1,5 милион евра од Бојан Јовановски, Катица Јанева и државата, поради што ги тужи пред Граѓанскиот суд.

Тој, ги бара парите кои наводно им ги дал на осудените во “Рекет”, иако додека траеше кривичната постапка  бизнисменот немаше статус на оштетен, туку на сведок.

Поточно, според адвокатите вклучени во процесот, Камчев парите ги бара од Јовановски, поранешната специјална јавна обвинителка, од Државното правобранителство, Владата и СЈО.

На листата на тужени е и Зоран Милевски Кичеец, но денеска неговите адвокати доставиле изјава од Камчев со која вели дека нема побарувања од Милевски. Сепак не  е јасно зошто не ја повлекол тужбата против него.

Она што е нејасно е и зошто бизнисменот бара сума од 1,5 милиони евра, кога наводно во торбата што му ја дал на Боки-13 имало еден мулион евра, а во несесерот која Ана Камчева наводно го однела во неговиот дом имало 350.000 евра. Остатокот, пак, од 150.000 евра требало да ги обезбеди Кичеец, но никогаш не се докажа дали тој брцнал во џебот за да му даде позајмица на Камчев.

Овие пари никогаш не беа пронајдени, ниту пак торбата “Луј Витон”. Адвокатите реагираа дека доколку во торбата имало еден милион евра таа требало да тежи 23 килограми, а на снимките од домот на Камчев се гледаше како Кичеец лежерно ја префрла торбата од една во друга рака како да не носи толкава тежина.

За случајот “Рекет”, Јовановски беше осуден на казна затвор од 13 години, Јанева од 9 години, а Кичеец на 3 години затвор, по признание на вина.

В.В.

 

Поврзани новости