437
Новиот британски крал Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај следната 2023 година во Вестминстерската опатија во Лондон, а ќе биде придружуван од кралицата Камила, соопшти денеска Бакингемската палата.
Со церемонијата ќе чиноначалствува архиепископот од Кентербери Џастин Велби, духовен поглавар на Англиканската црква.
„Крунисувањето ќе ја одразува моменталната улога на монархот и ќе биде ориентирана кон иднината, а во исто време ќе биде вкоренета во долгата традиција и церемонијалот на монархијата“, се вели во соопштението на Палатата.
Чарлс Трети автоматски стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Трета, на 8 септември. Таа почина на 97-годишна возраст по 70-годишно владеење.