Со реакции на одлуката на владејачкото мнозинство изборите да се одржат на 24 април, денеска излегоа повеќе амбасади. Од британската амбасада велат дека преостанатите прашања од Договорот од Пржино треба да се решат со косензус, а за фер избори има уште многу работа.
-Треба да се заврши уште многу работа за веродостојни избори, особено во однос на гласачкиот список, балансирано медиумско покривање и еднаков пристап до медиумите. Досегашниот напредок се засноваше на договор помеѓу четирите главни партии. Доколку се работи на наоѓање решение за продолжената и неповолна политичка криза, преостанатите прашања исто така треба да се решат со консензус и на начин со кој сите партии ќе се вклучат во изборите и ќе го прифатат резултатот како волја на македонската јавност, стои во реакцијата на британската амбасада.