Холандскиот амбасадор: Договорот треба суштински да се исполни, а не само формално

by Фокус

-Сите аспекти на Договорот од Пржино треба да се испрочитуваат и да се спроведат, а одржувањето на слободни, фер и инклузивни избори е еден од нив. Суштината на овој политички договор или кој било договор не е во формалното исполнување, туку во вистинската посветеност и целосното спроведување на договорените реформи, стои во писмената изјава на холандскиот амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп.

Тој ги повика политичките лидери да се договорат за сите отворени прашања, а тоа да се направи без одложување.

-Сите вклучени страни треба, без понатамошно одложување, да работат заедно за да ги решат останатите прашања за да овозможат спроведување на веродостојни избори, со почитување на сите други делови од договорот кој нуди долгорочно решение за политичката криза во Република Македонија, заклучува Пломп.

Поврзани новости